Активности

Zimska_sluzba_-_cistenje_trotoari_3a

ЕКИПИ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ГО ЧИСТАТ СНЕГОТ ОД ПЕШАЧКИТЕ ПАТЕКИ И ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

08.01.2017г.

Продолжуваат активностите на екипите на зимската служба на Град Скопје кои интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и истите во моментов се расчистени и проодни.

Изминатиов период, екипи од јавните претпријатија на Градот Скопје работат на расчистување на снегот и мразот од тротоарите и јавните површини, каде денеска се фрлени околу 20 тони индустриска сол.

Во расчистувањето на тротоарите и јавните површини ангажирани се 116 работници и механизација од ЈП „Комунална хигиена“, како и 70 работници и механизација од ЈП „Паркови и зеленило“.

Дополнително, на терен работат и 70 работници од ЈП „Водовод и канализација“ кои работат на чистење на сливниците.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

СИТЕ БУЛЕВАРИ И ГРАДСКИ УЛИЦИ РАСЧИСТЕНИ И ПРООДНИ, МИНАТАТА ВЕЧЕР ФРЛЕНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ 50 ТОНИ СОЛ

07.01.2017г.

Продолжуваат активностите на зимската служба на Град Скопје, кои се на терен од почетокот на снежните врнежи, каде екипите ги расчистуваат булеварите и улиците коишто се во надлежност на Градот.

Екипите на зимската служба делуваат на терен со 24 возила и сите булеварите и улиците коишто се во надлежност на Градот се расчистени и проодни. Изминатава вечер на коловозите се фрлени дополнителни 50 тони сол, а екипите на јавните претпријатија го чистат снегот од јавните површини и пешачките патеки.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека индустриската сол има ефект до - 6 степени целзиусови и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираме на голема внимателност во сообраќајот.

Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

ЈП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

 

sajt_trim

Бела ризла на трим патеката во парк шума Гази Баба

07.04.2014година

Екипите на ЈП Улици и патишта изминативе  денови  поставија нова бела ризла на постоечката трим патека во паркот шума Гази Баба.

Паралелно со патеката е ископан и канал од земјан материјал со цел забрана за пристап на возилата до трим патеката. Патеката беше изградена минатата година со должина од 2040м и широчина од 2м, 2,5м и 3 метри во зависност од конфигурацијата на теренот, а на неа се поставени и осум спортски справи.

Трим патеката е наменета за планински велосипедизам, а  може да се користи и за нордиско пешачење, односно пешачење со штаки.

Во тек е изградбата на новата патека во парк шума Гази Баба, на која моментално екипите на ЈП Улици и патишта  ги извршуваат почетните работни активности, земјаните работи.

 

prekop_na_sajtot

Асфалтирани прекопи на неколку булевари

24.03.2014година

Во текот на изминатата недела ЈП Улици и патишта Скопје, интензивно работеше на асфалтирање на прекопите во градот на неколку булевари на кои што оштетувањата беа поголеми. Булеварите Трета Македонска Бригада, Фебруарски Поход, Србија и  булевар Метрополит Теодосиј Гологанов се машински изгребани, а потоа им е вградена нова асфалтна маса. Екипите продолжуваат со санирање на ударните дупки како дел од тековните активности и пополнуваат ударни дупки на сите улици каде што има потреба од интервенција.