ЈП Улици и Патишта

ЈП Улици и патишта - Скопје е јавно претпријатие основано од град Скопје кое обавува дејност од посебен јавен интерес. Оваа своја дејност ЈП ја обавува од 1958 година како Градската управа за патишта, организација со самостојно финансирање.

Од 1972 до 1992 година се наоѓа во состав на ЈКП Комуналец-Скопје. 
Со одлуката за поделба на ова претпријатие во повеќе посебни претпријатија бр.02-3800/7 од 08.10.1992 година и со заведување во судскиот регистар на Окружниот стопански суд во Скопје под број 19253/92 од 29.12.1992 година ЈП Улици и патишта - Скопје започна да функционира како самостоен правен субјект.

ЈП Улици и патишта врши дејност согласно националната класификација на дејности со следните називи и шифри на дејност:

Изградба:
-Изградба на автопатишта и други сообраќајници, аеродромски писти и спортски терени;

Уредување:
-Уредување, изградба, реконструкција и одржување на магистрални улици,собирни улици, плоштади и спортски терени;

Одржување:
-Одржување на улична сообраќајна сигнализација;
-Одржување на улици и сообраќајници во зимски услови;




Согласно Законот за јавни претпријатија и Законот за трговски друштва, ЈП Улици и патишта Скопје е регистрирано во Јавно трговско друштво со упис во судски регистар-регистарска влошка бр.02039215-7-09-000 од 29.10.2001 година и шифра на дејност 45.23. Седиштето на Претпријатието е на ул.Коле Неделковски бр.38 во Скопје.