СЕ РЕКОНСТРУИРА ПЕШАЧКО-ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА НА БУЛЕВАРОТ КОЧО РАЦИН

1.09.2017година

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве ја реконструираат пешачко-велосипедската патека на булеварот Кочо Рацин, на потегот од крстосницата со улицата Мирче Ацев до крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу.

На оваа патека ќе се отстрани постојниот стар и оштетен асфалт, ќе се вгради тампонски слој, ќе се заменуваат и спуштаат рабниците, ќе се санираат и нивелираат шахтите и сливниците, а потоа ќе се нанесе нов асфалтен слој, на должина од 700 метри.

Градежните работи на овој потег се очекува да завршат за еден месец. Градот Скопје во овој градежен зафат ќе вложи 3 милиони денари.

 

velopateka_na_bulevar_Koco_Racin_1