Листа на улици

web_obelezuvanje_kliment_ohridsi_so_znaci_468_287Во продолжение следува листа на сите улици кои се под надлежност на Градот Скопје и на Општините

Дознај повеќе

Денешни настани

ВО ЗАВРШНА ФАЗА ПРОЕКТОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

A_Uvid_vo_ul_Todor_Aleksandrov

29.08.2017г.

Проектот за реконструкција и проширување на дел од улицата Тодор Александров е во завршна фаза и неговата целосна реализација ќе биде комплетирана во наредниов период.Увид во текот на градежните работи денеска /29.08.2017 година, вторник/ извршија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на јавното претпријатие „Улици и патишта“, Синиша Ивановски.

- Улицата Тодор Александров е реконструирана и проширена на потегот од крстосницата со булеварот „Мајка Тереза“ и улицата „Белградска“, кај ОУ „Кочо Рацин“, до кракот на оваа улица што води кон Панорама, во должина од околу 600 метри. На оваа траса добивме нова модерна сообраќајница, со 3 сообраќајни ленти, додека од двете страни на коловозот се оформени велосипедски патеки коишто се спуштени на коловозот, како и тротоари со променлива широчина. Покрај главната улица, со овој проект беа реконструирани и дел од коловозите на повеќе улици кои што се вкрстуваат со улицата Тодор Александров, како што се улиците Белградска, Партение Зографски, Тасино Чешмиче и Славејко Арсов. Градежните работи на коловозот на улицата Тодор Александров беа искористени за да се реконструира дел од атмосферската, водоводната и фекалната мрежа, а поставено е и ново улично осветлување – кажа градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Трајановски изјави дека со реализацијата на овој проект ќе се зголеми проточноста, а воедно ќе се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Во насока на зголемување на безбедноста во движењето на учениците во ОУ „Кочо Рацин“, ќе биде поставена безбедносна ограда од страната на училиштето, ќе бидат поставени посебни ленти пред пешачките премини, а ќе бидат поставени и семафори кои ќе трепкаат со жолто светло со цел да ги предупредат возачите дека треба да бидат внимателни. Дополнително, на потегот пред училиштето ќе биде ограничен сообраќајот на брзина до 30 километри на час, за што ќе биде поставена соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

На терен работат екипите на градежната компанија „Жикол“ од Струмица, додека  Градот Скопје во овој проект вложи околу 39 милиони денари.