ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЧИСТЕЊЕ НА ПРОСТОРОТ ДОЛЖ УЛИЦАТА ВАСИЛ ЧАКАЛАРОВ

22.07.2017 г.

Градот Скопје и Општина Карпош започнаа акција за расчистување на голема неуредена површина долж улицата „Васил Чакаларов“.

Станува збор за површина од крстосницата на крајот на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до објектите „Порта Козле“ кон фабриката Реплек, која подолг период е запуштена и обрасната со вегетација, а на истата е создадена и голема депонија од градежен шут.

a_porta_Kozle

Увид во уредувањето и чистењето на овој простор денеска извршија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ.

На терен екипите на ЈП „Комунална хигиена“ работат на чистење на ѓубрето, како и метење на улицата и пешачките патеки во паркот пред зградите.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на косење на тревата, кастрење на гранките и бујната вегетација, додека екипите на ЈП „Улици и патишта“ со механизација работат на расчистување на теренот, подигнување и транспортирање на градежниот шут.