Листа на улици

web_obelezuvanje_kliment_ohridsi_so_znaci_468_287Во продолжение следува листа на сите улици кои се под надлежност на Градот Скопје и на Општините

Дознај повеќе

Денешни настани

Нема внесено настани за денешниот ден

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ВТОРА МАКЕДОНСКА БРИГАДА

21.07.2017г.

Денеска /21.07.2017 година, петок/ започнаа градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата „Втора македонска бригада“. На почетокот на градежните работи присуствуваa градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски и Претседателот на Советот на Општина Чаир, Заир Бектеши.

- Денеска ја почнуваме реализацијата на овој ваA_torotari_vtoa_mak_brigadaжен проект, со кој ќе се изврши реконструкција на коловозот на оваа улица, на потегот од крстосницата со улица „Христијан Тодоровски Карпош“ до кружниот тек на улицата „Лазо Трповски“. Со овој градежен зафат, во должина од 1 181 метар, ќе биде изгребен стариот и оштетен асфалт и ќе биде нанесен нов асфалт. Покрај коловозот, со овој проект е опфатена реконструкција на велосипедските и на пешачките патеки, комплетна замена на старите рабници, а ќе бидат нивелирани и шахтите и сливниците. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот и ќе се зголеми безбедноста при движењето за жителите на општините Чаир и Бутел. Покрај градежните работи, ЈП „Паркови и зеленило“ ќе го обнови зеленилото по должината на  оваа сообраќајница   – кажа градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот на Бутел Латиновски ја истакна одличната соработка што  општината ја има со Градот Скопје и која вродува со реализација на уште еден инфраструктурен проект од исклучителна важност за граѓаните.

- Општина Бутел изминатиов период извршува градежни работи на голем број  локации со цел подобрување на инфраструктурата. Во Визбегово се реконструира улицата број 5 која е долга над 2,5 километри, како и улицата број 60, улицата број 42, улицата Бел Камен и други улици коишто  се со вкупна должина од над 7,5 километри. Сево ова се реализира со цел подобрување на патната инфраструктура на територијата на Општина Бутел – кажа градоначалникот Латиновски.

Претседателот на Општина Чаир Бектеши изјави дека со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во општина Чаир и Скопје и го оцени истиот како исклучително важен.

Реконструкцијата на коловозот ќе ја извршат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, додека реконструкцијата на пешачките и на велосипедските патеки ќе ги изведуваат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

За овој градежен зафат, Градот Скопје ќе издвои 10,6 милиони денари, а градежните работи треба да завршат за 180 дена.