ПРОШИРУВАЊЕ НА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА НА БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ

08.06.2017г.

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве изведуваат градежни активности за проширување на коловозот на булеварот Партизански одреди за да се добие четврта коловозна лента за вртење во лево на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт.

Проширувањето на коловозот се изведува со скратување и стеснување на средишната жардиниера од булеварот во должина од 100 метри и широчина од 3 метри.

По завршувањето на овие градежни зафати, на посочениот потег ќе биде нанесен нов асфалтен слој.

По завршувањето на оваа коловозна лента, ЈП „Улици и патишта“ планира проширување уште на четири крстосници по должината на булеварот Партизански Одреди каде што не постои простор за вртење лево.A_Partizanska-prosiruvanje_kolovozna_lenta_2