СЕ ПОСТАВУВААТ КАТАДИОПТРИ ЗА ПОДОБРА ВИДЛИВОСТ НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА

14.03.2017година

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат  катадиоптри на улицата Ѓорче Петров, на потегот од кружниот тек кај СП „Планет“ и улицата Воин Драшковиќ до мостот за Сарај. Новите катадиоптри ќе им овозможат на возачите подобра видливост на хоризонталната сигнализација, односно подобра рефлексија. Катадиоптрите се поставуваат во средината на двојната полна лента на коловозот. Тие се со бела рефлексија и се поставуваат на растојание од 1 метар, 3 метри и 5 метри. Во иднина вакви катадиоптри ќе се поставуваат и на пешачките премини, односно на зебрите. Поставувањето на катадиоптрите ќе продолжи и во текот на наредните денови на булеварот Партизански одреди, кај влезот во пунктот на ЈСП, кај влезот во пазарчето во Ѓорче Петров, кај влезот во поликлиниката „Ѓорче Петров“ и на кружниот тек на булеварот Партизански одреди, кај црквата „Свети Петар и Павле“. Поставувањето на катадиоптрите ќе се изведува и на други сообраќајници во градот според однапред утврдената програма од Град Скопје.

aKatadioptri_na_ul._Gjorce_Petrov_3