АКЦИЈА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ЗАШТИТНИ СТОЛБОВИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ

09.02.2017г.Postavuvanje_zastitni_stolbcinja_fevruari_2017_4

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, во изминативе денови интензивно работат на поставување заштитни столбови на повеќе локации во Скопје.

Овие столбови се поставуваат за зголемување на безбедноста на пешаците и на велосипедистите.

Со оваа акција се врши санација на уличните столбови коишто се оштетени од сообраќајни незгоди, како и од несовесни граѓани.

Изминативе неколку денови поставени се над 100 заштитни столбови на булеварите Метрополит Теодосиј Гологанов, Климент Орхидски, Партизански одреди, Кузман Јосифовски Питу, како и на улиците Димитрие Чуповски и 11-ти Октомври (кај градската општа болница Свети Наум Охридски).

При поставување и замена на столбовите се врши машински ископ на земјан материјал, транспорт на градежен шут, како и бетонирање и поставување на столбовите коишто се заградуваат со заштитна трака.

Оваа активност ќе продолжи и во наредниов период на сите улици каде што ќе има потреба за замена и поставување  нови столбови за безбедност.