ИНТЕНЗИВНИ АКТИВНОСТИ НА ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА И ГРАД СКОПЈЕ

aa_g_g_Frlanje-sol

19.01.2017г.

Продолжуваат интензивните активности на зимската служба на Градот Скопје, која со луѓе и механизација го чисти снегот од булеварите и градските улици, како и од тротоарите и јавните површини.

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ до утрово фрлија 155 тони, додека од утрово до сега се фрлени дополнителни 120 тони сол на градските булевари и улици.

Сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.

Во расчистувањето на тротоарите и јавните површини ангажирани се повеќе од 100 работници и механизација од ЈП „Комунална хигиена“, работници и механизација од ЈП „Паркови и зеленило“, како и работници од ЈП „Водовод и канализација“ кои работат на чистење на сливниците.

Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.