ФРЛЕНИ 103 ТОНИ СОЛ НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ И БУЛЕВАРИ

04.01.2017година

Екипите на зимската служба на ЈП Улици и патишта Скопје aa_g_g_Frlanje-solи  Град Скопје во текот на изминатита  ноќ фрлија 103 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица.

Екипите на зимската служба со 10 возила интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.